ВЕЛИНОВ: НИКОГО НЕ ПОТЦЕНУВАМЕ, ИАКО РОСОМАН Е ПОСЛЕДЕН, НЕ ОЧЕКУВА ТЕЖОК НАТПРЕВАР

Капитенот Велинов со краток увид за подготвителниот период и почетокот на првенството од 2 МФЛ Исток, како и за натпреварот со Росоман.

– Подготвителниот период пред почетокот на првенството го поминавме во одлична атмосфера и мислам дека имавме време добро да се подготвиме и кондиционо и технички за она шти следува.

– На екипата и се придружија и нови играчи и имаа краток период на нивна адаптација со останатите играчи, но формата и играта се темпира и од тренинг во тренинг ние како играчи меѓусебно имаме се подобра комункација и подобра игра.

– Во сабота играме со екипата на Росоман. Иако се последни не очекува тежок натпревар со незгоден противник кој на првиот меѓусебен натпревар на наш терен постигна 4 погодоци иако ние го добивме натпреварот со 5 голови.

За остатокот од сезоната никого не потценуваме и со сите екипи против кои треба да играме ќе го дадеме нашиот максимум со цел подобар пласман во 2МФЛ исток на крајот на сезоната.

КОМЕНТИРАЈ

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.