ГР ОСОГОВО (АНГЛИЈА)

 

Благодарение на социјалните медиуми, нашата навивачка база се прошири на меѓународно ниво во Англија и Шпанија, но најактивна група се нашите приврзаници од Портсмут, Англија, кои му даваат несебична поддршка на нашиот клуб откако беа активирани минатата година. Тие се дел од новоформираниот ГР Осогово (Grass Roots Osogovo), која од 2020 година регистрира фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во најниската дивизија *неделна лига (sunday league) во регионот Портсмут (Госпорт). Навивачката група е составена исклучиво од Англичани, нема иселеници од Македонија. Тие известуваат на островот со најновите новости и стории од нашиот клуб, исто така имаат своја фан страна, Јутјуб и Инстаграм канал каде редовно објавуваат подкасти и снимаат интервјуа со познати фудбалери, тренери и фудбалски работници од Премиер лигата и англискиот фудбал. Во името на нашиот клуб. Благодарение на нашата навивачка база од Англија, ние сме и промотори и амбасадори на една од најголемите организации за борба против ракот на тестити (Balls to cancer).

Покрај поддршката која ја имаме од нашите браќа во Англија, редовно комуницираме и ги следиме настаните и во други клубови и лиги на островот со што разменуваме знаења и искуства за фудбалската игра и фудбалскиот менаџмент.

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.