„ДРАГАНИЦА КУП 2021“ за ГФК ОСОГОВО

ГФК Осогово и годинава на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани го организираше и одржа петнаесеттото издание на Меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ посветен на легендата на клубот.

По подолг период, младинската екипа на ГФК Осогово го освои првото место и тоа на убедлив начин.

Во полуфиналето ГФК Осогово беше подобар од Слога Виница со 3-1, додека во второто полуфинале Тиквеш беше подобар од Беласица по изведување пенали (6-5).

Во малото финале Слога беше подобра од Беласица со 3-0, додека во финалето Осогово беше преубедлив со Тиквеш и славеше со 6-0

По завршување на финалниот натпревар организаторот ги прогласи најуспешните:

Најдобар голман: Алекс Андов (Осогово)

Најдобар стрелец: Никола Ефремов (5 постигнати голо) (Осогово)

Најдобар играч: Марио Симовски (Осогово)

КОМЕНТИРАЈ

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.