ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА НА ТЕШКИОТ ТЕРЕН ВО РАДОВИШ

Екипата на Осогово во рамки на 18 коло од 2 МФЛ исток ја забележа и петтата победа во оваа сезона.

Тимот предводен од Александар Андов натпреварот го започна со силно темпо и со неколку неискористени шанси пред казнетиот простор на противникот. Екипата на ФК Плачковица беше жилав противник и во текот на целото прво полувреме го бранеше својот гол но направи и неколку шанси кои не беа со сериозни последници по голот на жолтите. Во вториот дел се играше тактички и фудбалерите на Oсогово пробаа да го изненадат голманот на домаќините. Најпрво Неданоски не искористи зицер а потоа и Велинов не се снајде најдобро по доделениот слободен удар од левата страна.

Печат на овој натпревар стави Александар Поповски кој на одлично проигрување по десната страна, вешто се снајде и се ослободи од домашната одбрана во позиција за удар кој беше претвортен во погодок во 73 минута. Домаќините до крајот имаа уште една посериозна шанса кога се затресе и пречката на среќа на нашиот тим. Во продолжение мечот се заврши со мирна игра и со истиот резултат беше означен и крај на натпреварот. Осогово беше заслужен победник и тимот во позитивна атмосфера ќе ја дочека екипата на Росоман во следното коло во 2МФЛ исток.

КОМЕНТИРАЈ

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.