НАВИВАЧИ

Навивачката група  „СЕЈМЕНИ“ официјално е формирана во 1991 година иако првите форми на организирано навивање во Кочани се појавиле уште во 1987 година. Основачи на групата се: Александар Ампов – Снупи, Горан Милосов – Коска, Владимир Јанев – Бисе, Љупчо Димитров – Бучко, Благој Димов – Каплан, Зоран Стоилов – Дафа, Дарко Крстов – Мали, Дарко Серафимов – Чане.

Водачи на „СЕЈМЕНИ“ во период од 1991 до 1998 година биле: Алекандар Ампов – Снупи, Горан Милосов –Коска, Зоран – Мафијата и Боро – Панкер.

Од 1998 до 2009 година како водачи на „СЕЈМЕНИ“ биле: Димитар Таушанов, Столе – Боја, Драган Додевски – Пикси и Гоце Делчев.

Во период од 2009 година па се до ден денешен навивачката група на осоговци ја предводи Венко Крстевски, додека на подгрупата „Прва постава“ лидер е Панче Андонов.

Како еден од историските натпревари за „СЕЈМЕНИ“ е добро познатиот натпревар од 1993 година помеѓу Осогово и Брегалница Штип. Меч од последното коло во сезоната во Прва лига кога се случи голем инцидент со гостинската навивачка група од соседен Штип.

РЕТРО

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.