ОСОГОВО – РОСОМАН (НАЈАВА)

Натпреварот Осогово – Росоман е на програмата од 19-то коло во 2 МФЛ исток и се игра утре на стадионот Никола Мантов во Кочани со почеток од 15:00 часот.

Ние се наоѓаме на 5-тото место на табелата со 23 бодови, доколку екипата на Росоман е последнопласирана со само 8 освоени бода.

Во ова првенство меѓусебно одигравме 2 натпревари со скор:

Осогово – Росоман 5:4

Росоман – Осогово 1:7

Судии на овој натпревар ќе бидат:

Фатмир бафто од Охрид, а ќе му помагаат: Горан балески од Охрид и Климент Ристоски од Струга, четврт судија е Мишо Ѓорѓиески исто така од Охрид

НАПОМЕНА: Натпреварот ќе се игра под посебни правила и прописи усогласени со протоколот за оддржување спортски натпревари и секое присуство неофицијални лица или лица кои не се внесени во записникот на делегатот нема да им биде дозволен влез на стадионот. Вратите на трибините на стадионот Никола Мантов ќе бидат затворени, а доколку нашиот натпревар е на програмата за пренос на ФФМ соодветен линк за истиот ќе биде поставен на нашиот Веб Сајт и нашите социјални медиуми.

 

КОМЕНТИРАЈ

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.