ПРВ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР- МИНИМАЛЕН ПОРАЗ ОД БРЕГАЛНИЦА

ГФК Осогово во првиот контролен меч забележа пораз од Брегалница со 1-2.

Во првиот дел нашата екипа имаше неколку убави шанси за гол преку Паунов, Недановски, Поповски и Велинов, но изостана реализација. На другата страна пак гостите од Штип искористија две наши грешки и преку Кудијан рализираа.

Во вториот дел темпото на игра спласна, двете екипи имаа по неколку шанси за погодок, а мрежата се тресеше во 74. минута кога Неданоски со манир на расен стрелец погоди и го постави конечниот резултат.

За Осогово денес од првата минута настапија: Андов(ГК), Н. Спасов, А. Ричков, Т. Манов, Х. Коцев, Н. Стоиловски, А. Поповски, С. Велинов(к), Д. Паунов, Б. Истатов и А. Неданоски

Подоцна тренерот им даде шанса и на останатите фудбалери.

КОМЕНТИРАЈ

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.