РЕМИ ПРОТИВ КАМЕНИЦА САСА

ГФК Осогово на стартот од пролетниот дел од полусезоната во Втората Македонска фудбалска лига – Исток одигра реми против Каменица САСА.

Гостите од Македонска Каменица поведоа со 0-1 благодарение на голот од пенал на капитенот Гоцевски во финишот на првиот дел.

Во вториот дел нашиот тим успеа да стигне до израмнување по феноменалниот гол на Благој Истатов во 69 минута ода мечот.

До крајот на мечот и двете екипи имаа по неколку шанси да стигнат до сите три бода, но изостана реализацијата.

КОМЕНТИРАЈ

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.