БЛАГОЈ ИСТАТОВ

Десно крило

Благој Истатов е играч кој е роден 14.10.1999 год. во Струмица и ги има поминато сите младински школи на ФК Беласица и Академија Пандев.

Игра на десната позиција како крилен напаѓач, брз и пробивен и често е опасен по противничките голови со своите нафрлувања во казнетиот простор каде што креира многу шанси за погодок, но и самиот знае да ја затресе мрежата.

Истатов професионалната кариера ја движи и развива во неговата родна струмичка област во клубовите на Турново, Детонит и Беласица каде што настапува за прволигашот во полусезоната пред да премине во редовите на Осогово. Инаку тој е внук на прославениот и еден од најталентирани голмани на балканот Благој Истатов по кој што го носи името и ја добива љубовта за фудбалската игра.

Висина: 180 цм.
Тежина: 70 кг.

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.