СТОЈАНЧО ВЕЛИНОВ

Офанзивна Средина

Стојанчо Велинов е играч кој е роден 03.09.1989 год. во Кочани и ги има поминато сите младински школи на ГФК Осогово.

Уште од мал премногу талентиран фудбалер кој игра на левата латерална позиција а понекогаш и на позиција централен играч за врска.

Тој со своите одлични настапи и многу голови во младинските категории на Осогово се наметна на списокот кај повеќе клубови од државата. Професионалната кариера ја започна во тимот на Брегалница Штип и како позајмен играч во Тетекс, потоа следуваа Силекс, Ренова и Работнички каде што Велинов постигна и 3 голови во квалификациите за “Лига Европа“. Кариерата ја продолжува во Трепча89 од Косово, за по кратко време да се врати во тимот на Академија Пандев каде што го освојува и “Купот на Македонија“. Велинов после “Пандевци“ повторно оди во тимот на Брегалница Штип и по одиграни 2 сезони  тој се врасќа во матичното Осогово каде што се натпреварува во втората фудбалска лига иаток. 

GFK OSOGOVO © 2021. All Rights Reserved.